Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Французин осуден во Русија на три години затвор за собирање воени инфрормации

14 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Лоран Винатие, кој беше уапсен во Москва во јуни, веќе ја призна вината, отворајќи го патот за брзо судење. Неговите адвокати побараа од судот да му изрече парична казна.

Во коментарите на руски јазик пред изрекувањето на пресудата, Винатие повтори дека е целосно свесен за својата вина и побара од судијата да покаже милост. „Барам од Руската Федерација да ми прости што не ги почитував руските закони“, рече тој.

Според осудениот, тој се заљубил во Русија пред 20 години, кога почнал да ја проучува земјата, а говорот го завршил со извадок од делото на рускиот поет Александар Пушкин, во кој се вели дека треба човек треба да биде трпелив, дека му претстојат подобри денови.

Апсењата и судењата под обвинение за шпионажа и собирање чувствителни информации се зголемени во високо политизираниот правен систем на Русија откако Москва испрати војници во Украина во февруари 2022 година.

Руските власти го обвинија Винатие дека не се регистрирал како „странски агент“ додека собирал информации за руските „воени и воено-технички активности“ кои би можеле да се искористат за да и наштетат на безбедноста на земјата.

Винатие е советник во Центарот за хуманитарен дијалог, невладина организација со седиште во Швајцарија. Во јуни организацијата соопшти дека прави „се што е можно за да му помогне“.

Адвокатите на Винатиер сметаат дека казната што ја бараа обвинителите е престрога и побараа од судијата да го казни парично. Тие ја истакнаа неговата кариера како политиколог кој се фокусирал на проучувањето на Русија и нагласија дека неговите книги и написи се пријателски настроени кон руската страна. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ