Франција воведува доброволен воен рок

24.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Франција воведува доброволен воен рок

Главната мотивација  за носење на ваков план е зајакнување на вооружените сили и растечката закана што ја претставува Русија, објавува Политико.

Проектот, кој не вклучува враќање на задолжителната воена обврска, е дизајниран да го насочи обучениот персонал кон активните вооружени сили или резервите. Иако во последниве години, регрутацијата понекогаш се предлагаше како начин за дисциплинирање на младите луѓе или зајакнување на социјалната кохезија, потребата од зајакнување на војската сега е во преден план.

Голем број европски земји, исто така, размислуваат за повторно воведување на задолжителна воена обврска во различни форми, поттикнати од предупредувањата дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде подготвен да нападне членка на НАТО уште во 2028 година. „Франција не е сама во ова размислување за мобилизирање на нацијата надвор од своите распоредени воени сили, а ова е уште порелевантно сега со оглед на јасната руска закана“, рече Елен Конвеј-Муре, пратеничка од социјалистите и членка на Комитетот за надворешни работи и одбрана на францускиот Сенат.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата