Безбедносните сили се обидоа да го уапсат Мангоранка но се судрија со неговите приврзаници. Во престрелката учествувача и сопругата на Мангоранка и уште три жени. Тие се убиени, како и Амерол.
Јужниот остров Минданао, кој сочинува една третина од претежно католичкиот архипелаг на Филипини, е дом на муслиманско малцинство од околу пет милиони. Порозните граници, слабата полиција и изобилството огнено оружје во рацете на локалното население обезбедуваат плодна почва за исламистички бунтовнички групи.
Во 2014 година, властите во Манила потпишаа мировен договор со најголемата група на Филипини, Националноослободителниот фронт Моро, со што заврши крвавиот вооружен конфликт. Сепак, сè уште постојат помали исламистички групи кои се противат на мировниот договор.

