Документ подготвен за мировните преговори во Женева, кој го виде Ројтерс, предлага војската на Украина да биде ограничена на 800.000 војници во мирно време, наместо вкупното ограничување од 600.000 предвидено во планот на Трамп.
Во документот, исто така, се вели дека разговорите за територијални размени треба да започнат на линијата на контакт.
Европски, украински и американски претставници пристигнаа денеска во Женева за да разговараат за нацрт-мировниот план на САД за завршување на војната во Украина, откако Киев и неговите сојузници изразија незадоволство од делови од предложениот план што вклучуваат големи отстапки кон Русија.
Порано денес, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди за време на тековните преговори во Женева дека Европа верува дека границите на Украина не можат да се менуваат со сила и дека Европа мора да учествува во сите преговори.

