Договорите беа потпишани од ерменскиот претседател Никол Пашинјан и американскиот заменик-претседател Џеј Ди Венс, кој е во дводневна посета на Ереван.
Пашинјан истакна дека Ерменија купила воени беспилотни летала од САД.
- Постигнат е значителен напредок и во областа на воената и одбранбената соработка. Како продолжение на долгогодишната билатерална соработка и воените вежби организирани веќе три години, Ерменија набави беспилотни летала В-БАТ од САД, чија ефикасност е докажана со богато оперативно искуство и кои ефикасно ќе придонесат за зајакнување на нашите одбранбени капацитети, посочи Пашинјан.
Тоа е прва посета на Ерменија од актуелен американски претседател или потпретседател.
Според договорот потпишан помеѓу Ерменија и САД минатата година, приватната американска компанија „Патот на Трамп за меѓународен мир и просперитет“ добива ексклузивни права за развој на планираниот коридор меѓу Азија и Европа, при што Ереван задржува целосен суверенитет над своите граници, царински режими, даночна политика и безбедност. Се очекува, рутата да ја подобри поврзаноста помеѓу Азија и Европа, при што клучно значење за Вашингтон е да ги заобиколи Русија и Иран во време кога западните земји активно бараат начини за диверзификација на своите енергетски и трговски патишта и намалување на нивната зависност од Русија поради војната во Украина.
Предвидено е Венс утре да го посети и Азербејџан.

