Ердоган во Анкара прими делегација на Хамас

29.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган во Анкара прими делегација на Хамас

Ердоган на средбата рекол дека Анкара ќе продолжи да ја разоткрива реалноста во Газа, каде што на 19 јануари стапи во сила трифазен прекин на огнот.

Тој исто така изрази надеж за успешно завршување на втората и третата фаза од прекинот на огнот, „што на крајот ќе доведе до целосно повлекување на израелските сили од Газа и почеток за реконструкција“, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство.

Дирекцијата соопшти дека на средбата присуствувал и министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, директорот на МИТ, Ибрахим Калин, директорот за комуникации на турското Претседателство, Фахретин Алтун, главниот советник за надворешна политика и безбедност на турскиот претседател, Акиф Чагатај Килич и секретарот на турскиот претседател, Хасан Доган.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата