Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

5.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти и посочи дека е отворен за идејата затворениот лидер на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан да се обрати во турскиот Парламент.

Ердоган рече дека минатата недела имал многу конструктивни разговори со високи лидери на прокурдската Партија за единство и демократија (ДЕМ), кои ја поддржаа идејата Оџалан да се обрати пред парламентарниот комитет за разоружување на ПКК и ги повика сите учесници да придонесат, јавуваат британските медиуми.

„Се чини дека стигнавме до нова крстосница на патот кон Турција без тероризам“, им рече Ердоган на членовите на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК).

Според него, секој треба да преземе одговорност и да придонесе.

„Сметаме дека е исклучително вредно што... сите релевантни страни се слушнати без да се исклучи никого и да се изразат различни мислења, дури и спротивставени“, рече тој.

Според медиумите, овие изјави може да алудираат на можна соработка со Оџалан, кој е во затвор од 1999 година, но одигра клучна улога во повикот неговата милитантна партија ПКК да се разоружа и распушти.

ДЕМ изјави дека на комисијата, во која учествува со други партии, треба да ѝ се дозволи да контактира со Оџалан во затворот, со оглед на тоа што тој продолжува да игра клучна улога во курдската јавна свест и бил вклучен во претходните мировни напори.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата