Ердоган: САД погрешно ја проценуваат ситуацијата на Блискиот Исток

14.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: САД погрешно ја проценуваат ситуацијата на Блискиот Исток

Ердоган нагласи дека очекува муслиманските земји да се обединат и заеднички да работат на решавање на проблемот со Појасот Газа, иако тоа досега не се случило. - Мораме да ги надминеме разликите околу ова прашање, истакна тој.

Турскиот претседател додаде дека се залага за обединување на муслиманските земји и околу обновата на Сирија. Тој откри дека за ова прашање разговарал со сирискиот претседател Ахмед Шара за време на неговата посета на Анкара на 4 февруари. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата