Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД

30.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД

- Претседателот Ердоган потенцира дека Турција е подготвена да ја преземе улогата на посредник помеѓу Иран и САД за намалување на тензиите и решавање на проблемите - се наведува во соопштението од Кабинетот на турскиот претседател.

Во Истанбул денеска допатува шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи на средба со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.

Изминатите дена распоредени се дополнителни американски сили на Блиски Исток зголемувајќи ги стравувањата од можен напад врз Иран.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека се „надева оти нема да мора да го нападне Иран. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата