Експлозии во Ерусалим, Тел Авив, Катар, Дубаи, Кувајт и Бахреин-САД и Израел го нападнаа Иран – Техеран возврати

28.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експлозии во Ерусалим, Тел Авив, Катар, Дубаи, Кувајт и Бахреин-САД и Израел го нападнаа Иран – Техеран возврати

Одекнуваат експлозии речиси во целата земја – Техеран е главна мета.

Бројот на жртвите од момент во момент расте – според последните информации загинале десетици лица, меѓу нив, според иранските власти 20тина ученички на возраст од 7 до 12 години на југот на државата.

Додека врз земјата се истураат стотици бомби,  на социјалните мрежи се појавија бројни видеа од иранските граѓани како прославуваат и со одобрение ги пречека нападите кои според нив се против режимот на ајатолахот Aли Камнеи.

Иран, во координација со Ирак и Јемен исто така возврати со обемни напади со балистички ракети  - Експлозии се слушнаа во Ерусалим и Тел Авив, но напади се вршат и врз Катар, Дубаи, Кувајт и бази на САД во Бахреин со што Блискиот Исток Утринава се разбуди во регионална војна.   

47 годишното скандирање „Смрт за Америка“ од страна на режимот, веќе нема да се толерира порача претседателот на САД – Доналд Трамп.. Тој и ги повика иранските трупи да го положат оружјето и да добијат целосен имунитет, во спротивно им следува сигурна смрт.

-До членовите на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили и целата полиција, ви велам вечерва дека морате да го положите своето оружје и ќе имате целосен имунитет, алтернативата е да се соочите со сигурна смрт,- – Доналд Трамп – Претседател на САД

А, на иранските граѓани им порача да останат засолнети оти бомби ќе паѓаат на секаде, а кога експлозиите ќе се смират, тогаш да ја искористат генерациската можност да си ја преземат својата Влада, оти конечно вели ја добиле доолгочекуваната поддршка на САД..

-Кога ние ќе завршиме, преземете ја вашата Влада, ваше ќе биде да ја преземете и веројатно тоа ќе биде единствената шанса по генерации. Америка ве поддржува со огромна сила и разорувачка моќ-– Доналд Трамп – Претседател на САД.

Да се создаде нов и слободен Иран граѓаните ги повика и израелскиот премиер – Нетанјаху, кој вели дека заканата кој ја има актуелниот режим е опасен и по светот и по Израел, особено откако Техеран не го поптиша новиот договор за нуклеарно оружје на кој САД инсистираше.

-Ако не ги сопреме сега, тие ќе бидат имуни. Заедно со САД ќе зададеме силен удар на терористичкиот режим, ќе создадеме услови во кои храбриот ирански народ да го отфрли убиствениот режим- Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Иран.

Францускиот претседател состојбите на Блискиот Исток ги оцени како „Опасна ескалација“ и повика на итно свикување на советот за безбедност на ОН, а од Иран побара да се откаже од воениот пат. Министерот за надворешни пак на Русија, Сергеј Лавров го осуди нападот и го оцени како непровоциран.

Реакција за нападите пристигна од бројни глобални и европски сојузници. Претседателката на европскиот совет Фон дер Лајен искажа загриженост за развојот на настаните кои вели Брисел ги следи одблиску. Италијанската премиерка Мелони пак застана позади народот на Иран против режимот кој владее во земјата..

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата