Еден загинат и над 300 уништени објекти во катастрофалните пожари во Австралија

11.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еден загинат и над 300 уништени објекти во катастрофалните пожари во Австралија

Полицијата во Викторија потврди дека се пронајдени човечки останки во областа погодена од пожарот во Лонгвуд, на околу 100 метри од едно возило, откако службите успеале да пристапат до опожарениот терен.

Досега се изгорени повеќе од 350.000 хектари земјиште, а уништени се над 300 објекти. Премиерката на Викторија, Џасинта Алан, изјави дека во државата се активни 32 пожари, од кои 10 се големи жаришта. Таа предупреди дека „најлошото сè уште не е поминато“.

Австралиската Влада вети пакет поддршка од 19,5 милиони австралиски долари (околу 13 милиони американски долари) за погодените од катастрофата. Премиерот Ентони Албанезе порача дека поддршката вклучува еднократна помош за закрепнување и средства за сточна храна за земјоделците.

Истовремено, на северот на земјата, илјадници луѓе во државата Квинсленд се без електрична енергија поради силни ветрови и дожд предизвикани од тропскиот циклон „Коџи“. Премиерот на Квинсленд, Дејвид Крисафули, предупреди дека ризикот од поплави останува висок во наредните денови. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата