Дводневно заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови

21.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дводневно заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови

Со состанокот ќе претседава претседателот на Воениот комитет, адмирал Џузепе Каво Драгоне, а на него ќе присуствуваат и врховниот командант на сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Гринкевич и врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие.

Во рамките на првата сесија на заседанието, Гринкевич ќе ги информира началниците на генералштабовите за статусот на подготвеноста на НАТО за зајакнување на колективното одвраќање и одбранбената позиција на Алијансата во услови на заедничките безбедносни предизвици.

За време на втората сесија, Вандие ќе се осврне на тоа како НАТО може да го забрза испорачувањето на релевантните капацитети преку поддршка на државите во усвојувањето и примената на иновациите.

Предвидено е одржување и состанок на Советот НАТО-Украина, на кој началниците на генералштабовите со нивниот украински колега ќе разговараат за ситуацијата во Украина и за континуираната поддршка на Алијансата за земјата, вклучувајќи ја безбедносната помош и обука и Заедничкиот центар за анализа, обука и образование (ЈАТЕЦ). На состанокот е поканет и претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Шон Кленси.

Во рамки на заседанието предвидено е и 32-та началници на генералштабови на членките на НАТО да се сретнат со нивните колегите од земјите партнери на Алијансата од Индо-пацифичкиот регион и од Грузија, со кои ќе разговараат за стратешката улога на партнерствата во справувањето со меѓусебно поврзаните и еволуирачките глобални безбедносни предизвици. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата