Со неколку истрели од пиштол смртно и застрела 30-годишниот Елијас Родригез додека двојката излегувала од настан во еврејскиот музеј. Егзекуторот при апсењето признал дека нападот го извел како одмазда за изралското делување во Газа.
-Посегна во торбата и извади кефије (палестински шал) и рече: „јас го направив тоа. Го направив за Газа“. Почна да вика „слобода за Палестина“., очевидец.
Нападот се случил во 21 часот по локално време.
Убиените се идентификувани како Јарон Лишински и Сара Милграм, вработени во одделот за дипломатија и за прашања поврзани со Блискиот исток и Африка во амбасадата. Убиецот немал никакво полициско досие, а по нападот првично се однесувал како да е еден од сведоците на злосторството.
- Тој ѝ пришол на група од четири луѓе, извадил пиштол и oтвори оган во двајцата сега починати. , Памела Смит, полиција во Вашингтон
-Тоа беше млада двојка пред свршување. Момчето неделава купи прстен и планираше идната недела да ја запроси девојката во Еруасалим. , изјави Јишил Лејтер, амбасадор на Израел во САД.
Пораки со осуда стигнуваат од сите страни на светот, а Израел ги обвини дел од светските лидери дека со изјавите против еврејската држава во однос на Газа поттикнале омраза и антисемитизам. Директно ги прозваа Франција, Британија и Канада дека ги зајакнале силите на теророт.
-Денеска им велам на овие лидери и на официјалните лица: Запрете со вашите изјави за Израел и за лажните обвинувања. Зајакнете го Израел во неговата историска битка. , изјави Гидеон Саар, министер за надворешни работи на Израел.
Нападот се случива во критичен момент на растечки меѓународни критики поради ширењето на израелската офанзива и 11 неделната блокада на палестинската енклава Газа, кога бројни лидери алармираа дека илјадници луѓе и бебиња се соочуваат со смрт поради неухранетост.