Два дена преживување во дивината: Спасени пилотите на исчезнат авион

5.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Два дена преживување во дивината: Спасени пилотите на исчезнат авион

Двајца членови на екипажот на авионот „Цесна 182“ што исчезна пред два дена додека патролираше низ шумските пожари во регионот Иркутск се пронајдени живи, објавија денес регионалните служби за вонредни ситуации.

Гувернерот на регионот Иркутск, Игор Кобзев, изјави дека пилотите успеале да се искачат на висина од каде што ги испратиле своите координати користејќи импровизирана радио станица, објави РИА Новости.

Според него, тие се на околу 90 километри од градот Бодаибо, а испратен е хеликоптер за да ги евакуира.

Авионот исчезна во понеделник додека ја испитувал областа погодена од шумски пожари. Истражниот комитет на Русија започна истрага за сомнителни прекршувања на прописите за безбедност на воздушниот сообраќај.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата