Во објава на социјалните медиуми, Регионалната влада на Курдистан соопшти дека нафтеното поле, управувано од американската фирма HKN Energy во покраината Дохук, било нападнато од „одметнички групи во Ирак“.
Нападот предизвикал „материјална штета на полето и производството било запрено“.
Повикувајќи се на безбедносен извор, новинската агенција АФП одделно објави дека нападот бил извршен вчера со два дрона, објави Би-Би-Си.
Регионот Курдистан е автономен регион во северен Ирак управуван од Регионалната влада на Курдистан.

