Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, загина девојка (ВИДЕО)

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, загина девојка (ВИДЕО)

Двајца други пешаци биле пренесени во болница по инцидентот, кој се случил околу 11.40 часот, јавува Скај њуз.

Еден од повредените пешаци се здобил со повреди опасни по живот, додека другиот се здобил со полесни повреди.

Возачот (26) на комбето е уапсен на местото на настанот поради сомнение дека со невнимателно возење и возење под дејство на дрога предизвикал смрт и му е одредена мерка притвор.

Засега не е познато како дошло до несреќата, а полицијата соопшти дека не станува збор за терористички инцидент. Истрагата продолжува.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата