Деветмина загинати во Кина, кога се превртеа два брода со туристи (ФОТО)

5.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деветмина загинати во Кина, кога се превртеа два брода со туристи (ФОТО)

Два брода се превртеа на река во градот Џианкси, во покраината Гуиџоу, вчера попладне, при што 84 лица пропаднаа во водата, според државната телевизија CCTV.

Денеска наутро, кинеските државни медиуми објавија девет смртни случаи, 70 повредени кои се хоспитализирани и четири лица кои се спасиле без повреди. Едно лице сè уште е исчезнато.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, цитиран од официјалната новинска агенција Синхуа, „ја нагласи важноста од зајакнување на безбедносните мерки на туристичките атракции“ и други „големи јавни места“.

Вицепремиерот на Кина, Џанг Гуокинг е испратен на местото на настанот за да ги надгледува спасувачките операции, објавија државните медиуми.

Според CCTV, истрагата покажала дека на бродовите немало патници над дозволената граница.

Несреќата се случи два месеци откако 11 лица загинаа во покраината Хунан кога се судрија патнички брод и брод за чистење на дамки од нафта.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата