Дали трилатералниот состанок на Трамп, Путин и Си Џипинг ќе го промени светот?

20.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали трилатералниот состанок на Трамп, Путин и Си Џипинг ќе го промени светот?

Повеќе слика, отколку содржина. Откако слегна прашината по самитот на тројцата најмоќни светски лидери во Кина, доминира впечатокот дека помпезно најавуваниот состанок сам по себе е историски, но без суштински пробив за клучните теми, барем на јавна сцена. Оттука, фокусот на светските анализи е кој и колку доби? Во најголем од светските анализи, преовладува ставот дека рускиот претседател Путин е најголем победник зашто по години меѓународна изолација се врати на големата сцена, а на самитот на АПЕК прв пат по 9 години.

-Русија долго време негодува на перцепцијата дека сила во опаѓање, ослабена сила, а претседателот Путин сега има право да каже: „јас сум еден од само тројцата лидери на една ексклузивно избрана маса. На тој, начин тој судерира дека и покрај воените загуби и западните санкции, Русија е голема сила. , изјави за Дојче Веле, Али Вејн, политички аналитичар од Вашингтон.

Си Џинпинг, Трамп и Путин вчера објавија заедничка мировна декларација, без воопшто да бидат споменати војната во Украина и во Иран. ројцата лидери само декларативно, а не обврзувачки се согласуваат да работат на свет без нуклеарано оружје, реформи во Обединетите Нации, ограничување на улогата на Меѓународниот кривичен суд. Она што е нејасно е дали ваквиот лидерски формат ќе продолжи и дали ќе ги разгори стравувањата за потенцијално преобликување на меѓународниот поредок, во кој Европа би останала надвор од сферата на влијание.

-Никогаш не сме ги виделе овие три лидери да седнат заедно. Ако тоа постави некаков преседан да стане еден вид централен простор за дебата, како „Г-3“, што ќе ги засени сите други групи, тогаш кој знае каде ова може да води. Си Џин Пинг мисли, Источна Азија е мој дел. САД дефинитивно, или Доналд Трамп експлицитно вели, западната хемисфера е моја. Тоа е Донро доктрината. Знаеме дека Владимир Путин би сакал да контролира повеќе од Источна Европа отколку во моментов. , изјави Ричард Вокер, аналитичар од Берлин.

Германскиот канцелар Мерц вчера оцени дека Формат во стилот на Јалта нема да донесе мир, а дека Европа нема да биде изоставена од каков било договор. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата