Дајан Китон се отвари во улогата на мајка во 50-тите години од својот живот, а еве кој според неа бил фатален маж: „Има лице на убиец, но е преубаво“

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дајан Китон се отвари во улогата на мајка во 50-тите години од својот живот, а еве кој според неа бил фатален маж: „Има лице на убиец, но е преубаво“

Познатата актерка Дајан Китон почина во 79-тата година во Калифорнија. Остана запаметена не само по улогите во трилогијата „Кум“ (The Godfather) и филмот „Ени Хол“ (Annie Hall), туку и по тоа што стана мајка во позрели години, без сопруг и без типичната семејна слика. Во своите педесетти, таа посвои две деца и ги одгледа сама, ќерката Дектер, 1996 г., и синот Дјук, 2001 г.

Мајчинството не беше порив што не можев да го контролирам. Повеќе беше како идеја за која долго размислував. И потоа, едноставно зачекорив – призна таа своевремено, а за тоа пишуваше „Пејџ сикс“(Page six).

Иако тврдеше дека никогаш не била спремна да биде мајка, Дајан целосно го посвети животот на своите деца, истакнувајќи дека тие ѝ дале смисла каква ниедна романтична врска не можела да ѝ пружи.

Дајан беше во врска со Ал Пачино, Ворен Бити и Вуди Ален, но никогаш не посакала да се омажи.

Мислам дека сум единствена во мојата генерација која цел живот беше сама. Тоа не беше добра идеја за мене. Едно момче во средното училиште ми рече: „Еден ден, некому ќе му бидеш добра жена“. А јас си помислив: „Не, не го сакам тоа“- признала таа за медиумите.

Филмот „Кум“ на Френсис Форд Копола од 1972 г. ѝ донесе планетарна слава и нераскинлива врска со Ал Пачино. Во улогата на Кеј Адамс, сопругата на Мајк Корлеоне, беше олицетворение на внатрешната борба помеѓу љубовта и моралното спознавање на злото. Подоцна призна дека не го ни прочитала романот на Марио Пузо пред аудицијата.

Само се појавив, не знаев ништо. Тоа што ја добив улогата беше чудно – признала таа.

Филмот не ѝ донесе само кариера, туку ѝ ја донесе и љубовта на нејзиниот живот, Ал Пачино. Се сакаа, се разделуваа, се враќаа еден кај друг, и токму него го сметала за најубавиот маж.

Ал го имаше најубавото лице кое некогаш сум го видела. Лице како убиец, но преубаво – признала таа подоцна.

И покрај тоа што никогаш не застана пред олтар, многумина нејзини најпознати улоги се занимаваа токму со семејството и мајчинството, од филмот „Клубот на првите сопруги“(The First Wives Club) до комедијата „Таткото на невестата“(Father of the Bride)

За магазинот AARP во текот на 2023 г. Дајан отворено зборуваше за своите врски.

Не излегувам на состаноци, воопшто. Не се сеќавам кога некој ми се јавил и ми кажал: „Овде тој и тој, би сакал да излезам со тебе“. Такви работи не се случуваат. Секако дека не излегувам веќе со децении – изјавила.

Актерката никогаш не зажалила поради одлуката што не се омажила.

Мило ми е што не се омажив, а сигурна сум дека и моите поранешни партнери се среќни поради тоа – изјавила со насмевка своевремено.

Дајан во последните денови од својот живот негуваше блиски односи со децата, како и љубов кон животните. Нејзината последна објава на Инстаграм беше посветена на кучето Реџи, кого го нарекуваше „поверен од кој било маж“. Токму таа искрена, по малку необична филозофија направи оваа необична Оскаровка да остане симбол на независноста и храброста, како и пример за тоа како се води живот по сопствени правила.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата