Несреќата се случи во 1:23 часот, за време на тест во реакторот број четири на тогашната советска нуклеарна централа, а радиоактивниот облак се прошири преку Украина, Белорусија, Русија и делови од Европа.
Катастрофата предизвика масовно изложување на радијација, евакуација на стотици илјади луѓе и долгорочна контаминација на големи територии. Податоците за жртвите и последиците и денеска се предмет на различни процени. Додека некои меѓународни извештаи зборуваат за неколку илјади директни и последовни смртни случаи, други организации проценуваат значително повисоки бројки, поврзувајќи ги долгорочните здравствени последици со стотици илјади погодени лица.

