Бурна ноќ на Блискиот Исток, по израелските напади изгореа три нафтени бази во Иран

8.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бурна ноќ на Блискиот Исток, по израелските напади изгореа три нафтени бази во Иран

Иранската Црвена Полумесечина предупреди дека овие кисели дождови се особено токсични а локалните Техерански власти апелираа да се носат маски од прекумерното загадување на воздухот по нафтените експлозии. Сигналната тревога исто така се огласи во Израел каде иранската армија нанесе удари по Хаифа и Тел Авив, но и по американските бази во Кувајт и Обединетите Арапски Емирати. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави, како што рече многу „изненадувања„ за Иран.

„Што се однесува на тоа што ќе направиме следно во Иран, имаме детален план со многу изненадувања. Да го дестабилизираме режимот и да овозможиме промени. На иранските граѓани им велам – моментот на вистината се наближува. Ние сакаме да го ослободиме Иран.“

Мирот на Блискиот Исток нема да настапи се додека во регионот постојат американски воени бази, порача спикерот на Иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф. Според светските медиуми, раководството на Иран е на прагот со концензус да избере нов врховен лидер, а во меѓувреме иранскиот претседател порача – Иран не размислува за капитулација.

„Дека ќе капитулираме безусловно, тоа е само нивен сон.“

Освен врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, напади почнаа да се вршат и врз станиците за десалинизација на морска вода, начин на кој се снабдува со вода огромен процент од регионалното население, што веќе го вклучи алармот за возможна хуманитарна катастрофа од недостиг на вода за пиење.  Одговарајќи на новинарски прашања за војната во Иран, американскиот претседател Доналд Трамп одби да даде рокови за завршување на нападите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата