Бројот на загинати во поплавите во Шпанија достигна 95, не се знае колку се исчезнати (ВИДЕО)

30.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на загинати во поплавите во Шпанија достигна 95, не се знае колку се исчезнати (ВИДЕО)

Од нив, дури 92 смртни случаи се регистрирани само во регионот на Валенсија.

Уште две лица загинале во Кастиља-Ла Манча, додека третата жртва била во Малага. Станува збор за 71-годишен британски државјанин, чија смрт ја потврдил премиерот на Андалузија.

Министерката за одбрана Маргарита Роблес за програмата Хора 25 на Кадена Сер изјави дека Единицата за итна интервенција (УМЕ) е максимално ангажирана во спасувачките операции. Таа потврди дека на терен се присутни 1.205 војници, како и дополнителни 55 припадници на Копнената армија, со вкупно 301 тешко возило кои вршат маневри во населени места и им помагаат на луѓето кои не можат да ги напуштат своите домови.

„Во текот на целата ноќ овие активности ќе продолжат, но и утре, бидејќи временската прогноза е поповолна, ќе започне втората фаза која опфаќа потрага и спасување“, рече таа и објасни како денеска се фокусирале на пронаоѓање на телата на починатите. „Некои се заробени, но има и многу други кои не знаеме дали се исчезнати. Во моментов голема непозната е колку луѓе се исчезнати и затоа УМЕ започнува операција бидејќи не може дејствуваат додека не се расчистат површините и се подобрат временските услови“, нагласи таа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата