Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

30.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели.

Британската вршителка на должноста амбасадор Данае Џолакија утринава е повикана од руското Министерство за надворешни работи, пренесува ДПА.

Ова е втор британски дипломат оваа година што е протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека е откриено „непријавено разузнавачко присуство“ и дека дипломатот „вршел разузнавачки и субверзивни активности што ја загрозуваат безбедноста на Руската Федерација“, пренесоа руските државни медиуми.

Дипломатот, кој се обидувал да добие чувствителни информации за руската економија, на надчежните им дал лажни информации, тврди ФСБ.

Руското МНР во јануари годинава соопшти дека нема да „толерира активности на непријавени британски разузнавачки службеници во Русија“ откако беше протеран првиот британски дипломат, потсетува ДПА. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата