Британската полиција уапси момче во врска со пожарот во домот на премиерот Стармер

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британската полиција уапси момче во врска со пожарот во домот на премиерот Стармер

Момчето на возраст од 21 година е приведено рано утрово, соопшти полицијата.

Нема настрадани во пожарот што се случи вчера рано изутрина, а во кој е предизвикана штета во куќата во северен Лондон.

Стармер моментално живее во официјалната премиерска резиденција на Даунинг стрит број 10. Тој се пресели таму во летото минатата година, кога неговата Лабуристичка партија победи на предвремените парламентарни избори во јули.

Уапсеното момче е осомничено и за уште два инцидента. Полицијата истражува дали тоа е поврзано и со палење автомобил во истото предградие, Кентиш, на 8 мај и пожар на 11 мај на влезот во блискиот имот. Истрагата ја водат инспектори од единицата за борба против тероризмот на Лондонската полиција. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата