Британка загинала на скијање на Алпите, се удрила во друг скијач

15.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британка загинала на скијање на Алпите, се удрила во друг скијач

Англичанката скијала на една од најпредизвикувачките падини на француската планина кога се судрила со друг скијач, објавија локалните медиуми. Несреќата се случила вчера околу 10 часот и 30 минути на планината Еги Руж во Савоа, кога удрила во 35-годишен маж кој во тој момент стоел на истата патека, јавува Скај њуз.

Службите за брза помош и спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на несреќата, но не успеале да ја оживеат жената која починала од трауматски шок. Човекот со кого се судрила, наводно, бил британски државјанин. И двајцата скијале на нелегални патеки, најпредизвикувачките ски патеки со особено стрмни падини.

„Го поддржуваме семејството на Британка која почина во Франција и сме во контакт со локалните власти“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата