Бразилскиот претседател Лула го осуди американскиот напад врз Венецуела

3.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бразилскиот претседател Лула го осуди американскиот напад врз Венецуела

- Бомбардирањата на венецуелска територија и заробувањето на нејзиниот претседател преминуваат една неприфатлива линија. Овие акти претставуваат сериозна навреда за суверенитетот на Венецуела и уште еден екстремно опасен преседан за целата меѓународна заедница, напиша Лула на X.

Тој додаде дека напаѓањето држави со еклатантно кршење на меѓународното право е првиот чекор кон насилство, хаос и нестабилност.

Бразил, како најголема економија во регионот, дели долга граница со Венецуела, а Лула и претходно изразуваше загриженост за безбедноста во регионот со оглед на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Венецуела. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата