„Ова е најрелигиозно фанатичната влада што Израел некогаш ја имал. Кога ќе ги чуете што зборуваат и ќе видите што прават, нема сомнение дека постои геноцидна намера. Не знам дали (Нетанјаху) ќе биде суден, но разочарувачки е да се види дека една земја во Европа го пречекува со големи почести“, рече Борел во интервју за шпански медиуми.
Борел истакна дека, доколку се утврди дека Израел ги прекршил човековите права, Европската комисија може да предложи ограничување на трговските односи со Тел Авив, додавајќи дека ЕУ „има моќ“ да влијае врз Израел.