Билд: Германската полиција уапси 22-годишен Сириец кој планирал терористички напад во Берлин

2.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Билд: Германската полиција уапси 22-годишен Сириец кој планирал терористички напад во Берлин

Повикувајќи се на извори во безбедносните служби, весникот „Билд“ објавува дека 22-годишниот Абдала Р. планирал самоубиствен напад со експлозивна направа на засега непознат објект во Берлин.

Тој дошол во Германија во 2023 година и побарал азил, кој му бил одбиен, но имал дозвола за престој.

Полицијата пронашла материјал за изработка на експлозивна направа на трите адреси каде што бил регистриран.

Медиумите објавуваат дека тој бил член на Исламска држава, а бил уапсен вчера попладне во берлинскиот кварт Нојкелн, каде што живеат голем број луѓе од арапско потекло. Деновиве, во Германија повторно се разгоре дебатата за тоа дали мигрантите треба да бидат вратени во Сирија.

Министерот за внатрешни работи, Александар Добриндт, се залага за зголемување на депортациите во Сирија на криминалци и оние кои, поради граѓанската војна во Сирија, уживале таканаречена супсидијарна заштита. 

Канцеларот Фридрих Мерц го поддржува овој став на министерот.

Но, шефот на дипломатијата Јохан Вадефул изјави по неодамнешната посета на Сирија дека уништувањето што го претрпе земјата ја направило депортацијата невозможна, предизвикувајќи конфликт во владата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата