Берзите и цената на нафтата мируваат, ракетите продолжуваат да го тресат Блискиот Исток

11.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Берзите и цената на нафтата мируваат, ракетите продолжуваат да го тресат Блискиот Исток

Најмалку три товарни бродови во текот на денот биле нападнати од се уште непознати проектили. Најтешко поминал тајландски комерцијален брод со 23 членови на екипажот.  Тајландската морнарица објави фотографија од пловилото и трага по тројца исчезнати. Погодени биле и товарни бродови под знамето на Јапонија и Маршалските острови, но не претрпеле посериозни штети. Нападите следат неколку часа откако американската команда соопшти дека во Ормускиот теснец потопила 16 ирански пловила за кои Вашингтон тврди дека поставувале морски мини, а за кои беа објавени видеа на кои се гледа како едно по едно пловилата експлодираат.

-Операциите ќе завршат тогаш кога врховниот командант ќе процени дека воените цели се остварени и во потполност реализирани и дека Иран е во позиција на целосна и безусловно предавање, без разлика дали ќе го кажат или не. , изјави Каролин Левит, портпаролка на Белата Куќа.

На копно, Израел и Иран продолжуваат со размена на оган. Саудиска арабија, Кувајт, Емиратите и Бахреин соопштија дека биле мета на ирански напади. Израел продолжува да бомбардира цели врз Исламската република и врз цели на Хезболах во Бејрут. Техеран соопшти дека досега биле убиени над 1.300 цивили, а Либан јавува за над 500 цивилни жртви.

 -Жално е што Советот за безбедност на ОН продолжува да молчи. Советот ги затвора очите пред ова сериозно кршење, и покрај неговата примарна одговорност. Ако биде усвоена таква (резолуција), агресорот Израел и САД ќе бидат наградени и охртабрени на понатамошни акти на агресија. , изјави Амир Иравани, амбасадор на Иран во ОН.

Притисокот врз Ормускиот теснец трае 12 дена, откако Иран се закани дека ќе отвори оган врз секој брод што ќе помине оттаму. Преку овој премин месечно поминуваат околу три илјади бродови и е најпрометниот канал за превоз на нафта, односно една петтина од светската нафта. Меѓународната агенција за енергија (предлага најголемо ослободување на нафта од стратешките резерви во историјата за да се ограничат цените на суровата нафта кои драстично пораснаа од почетокот на конфликтот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата