Бербок ги повика САД во целост да ја платат членарината за светската организација

24.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бербок ги повика САД во целост да ја платат членарината за светската организација

Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок денеска ги повика САД, главниот донатор на светската организација, во целост да ја платат својата членарина откако Вашингтон изврши само делумна уплата, или помалку од пет отсто од вкупниот долг.

САД платија околу 160 милиони долари од вкупно повеќе од четири милијарди долари што им се должат на ОН, изјави портпаролот на Обединетите нации минатата недела.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антионио Гутереш предупреди дека телото се соочува со „многу неизбежен финансиски колапс“ поради неплатени членарини.

„Секоја земја-членка мора да го плати својот придонес во целост и на време, а 160 милиони долари очигледно не се целиот износ“, рече Бербок, која ја прес-конференција во Женева одговори на прашање за американската уплата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата