Белорусија ослободи 250 затвореници- САД се согласија на ублажување на санкциите

19.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белорусија ослободи 250 затвореници- САД се согласија на ублажување на санкциите

Како што објави американската амбасада во Вилнус, 235 лица беа ослободени во земјата, додека 15 беа испратени во Литванија, пишува Ројтерс.

Укинување на санкциите на САД

Вашингтон, пак, се согласи да ги ублажи санкциите врз белорускиот финансиски сектор, вклучувајќи ја и Белинестбанк, и ги укина сите преостанати санкции на САД врз производителите на поташа „Белорускали“, „Белоруска поташа компанија“ и „Агророзквит“.

Договорот беше постигнат на денот кога американскиот претставник Џон Коуле се сретна со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко во Минск.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата