Белата куќа: Трамп е исклучително разочаран од Украина и од Русија

12.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белата куќа: Трамп е исклучително разочаран од Украина и од Русија

Таа додаде дека Трамп е уморен од бесцелни средби и сака да види акција за завршување на војната.

- Тој повеќе не сака зборови. Тој сака акција. Тој сака оваа војна да заврши, истакна Левит.

Разговорите со Киев и Москва продолжуваат преку специјалниот американски претставник Стив Виткоф и неговиот тим.

Вчера, Доналд Трамп изјави дека европските лидери побарале средба со американски претставници.

- Ако постои реална шанса за потпишување мировен договор, ако веруваме дека овие состаноци заслужуваат присуство на американски претставник, кој ќе им го посвети своето време овој викенд, тогаш ќе испратиме претставник. Сè уште не сме сигурни дали може да се постигне вистински мир и дали навистина можеме да ги придвижиме работите, истакна Левит.

Киев вчера соопшти дека ја доставил до украинската ажурирана верзија на планот за завршување на војната со Русија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата