Во пишан став, портпартолката Каролин Ливит кажа дека за Трамп воспоставувањето контрола врз најголемиот острав во светот е приоритет на националната безбедност на Соединетите Американски Држави и дека користењето на американската војска е опција што секогаш му е на располагање.
Според заменик-шефот на кабинетот на претседателот за политика, Стивен Милер воена интервенција можеби и нема да биде потребна, имајќи ја предвид малата популација на Гренланд. Во интервју за Си-Ен-Ен, Милер оцени дека никој не би сакал да се соочи со САД во борба за иднината на островот.
-САД треба да го има Гренланд како дел од САД. Нема воопшто потреба ниту да се мисли ниту да се зборува во контекст на воена операција.. Гренланд има население од 30.000 луѓе. Вистинското прашање е какво право има Данска да воспостави контрола врз Гренланд? Која е основата на нивното територијално барање? Која е нивната основа да го имаат Гренланд како колонија на Данска?“

По повторните најави на Трамп за преземење на Гренланд, синоќа во Копенхаген итно се состанал државниот врв на Данска, по кој министерот за надворешни работи Ларс Леке Расмусен најави дека ќе бара средба со американскиот колега Марко Рубио, за како како што рече, да ги разјаснат недоразбирањата.
Тој нагласи дека „САД не можат едноставно да го добијат Гренланд“, но рече дека се согласува со Трамп дека постојат одредени предизвици во безбедносната политика на Арктикот и изрази подготвеност за проширување на американското присуство на Гренланд, но не и за откажување од суверенитетот, за што поддршка има од најголемите европски земји..
-Треба да разјасниме некои недоразбирања што се случија. Веруваме дека оваа ситуација е резултат на недоразбирање. На пример, не е вистина дека руски и кинески бродови се движат околу Нук во Гренланд,- Ларс Леке Расмусен – министер за надворешни работи на Данска.

Според анализа на „Политико“, администрацијата на Доналд Трамп разгледува повеќеслојно сценарио за ставање на Гренланд под американско влијание.

Првиот чекор би бил поддршка на референдум за независност, а како крајна опција, експертите предупредуваат дека САД лесно би воспоставиле воена контрола, што според нив би било потег со сериозни последици за НАТО и меѓународниот поредок. Дека напад од САД врз друга членка на НАТО би значело крај за алијанската предупреди и данската премиерка Фредериксон.

