„Овој претседател верува во мирен трансфер на власта и ќе видите дека овој претседател го прави тоа“, рече Жан-Пјер.
Таа додаде дека не се работи за Бајден, туку за американскиот народ.
„Тоа е она што американскиот народ треба да го види без разлика кој ќе победи“, рече Жан-Пјер.
Таа истакна дека правилото е претседателите во заминување редовно да присуствуваат на инаугурацијата на нивните наследници, но не ја спомена одлуката на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп да не присуствува на инаугурацијата на Бајден во јануари 2021 година, пренесува Ројтерс.
Трамп и неговата сопруга Меланија ја напуштија Белата куќа пред инаугурацијата на Бајден, прескокнувајќи го традиционалниот поздрав со следните станари на претседателската резиденција и самата инаугурација.
На церемонијата присуствуваа потпретседателот на Трамп, Мајк Пенс и неговата сопруга Карен.