Барањето на Доналд Трамп:Украина мора да плати 500 милијарди за да продолжиме да ги поддржуваме

11.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барањето на Доналд Трамп:Украина мора да плати 500 милијарди за да продолжиме да ги поддржуваме

Американскиот претседател Доналд Трамп, ги претстави барањата што Украина треба да ги исполни за да продолжи да ги поддржува.

Имено, тој во интервју за „Fox News“ рече дека треба да им платат 500 милијарди долари преку ретки суровини.

– Им кажав дека сакам еквивалент на 500 милијарди долари во ретки суровини и тие начелно се согласија на тоа – рече Трамп.

Како што вели тој, инаку САД би „изгледале глупаво“ и дека веќе не би можеле да им испраќаат пари само така.

Украина има огромни резерви на критични елементи и минерали, од литиум до титаниум, кои се клучни за производство на современи технологии.

Исто така Украина има и огромни резерви на јаглен, како и нафта, гас и ураниум, но голем дел од овие ресурси се наоѓаат на територии под контрола на Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им нуди на Соединетите Држави дозвола да ги развиваат природните ресурси на неговата земја како тактика да го задржи Трамп на негова страна.

Идејата беше дел од „планот за победа“ на Украина, список на економски и безбедносни политики насочени кон обезбедување мир со Русија, што Зеленски им го претстави на сојузниците минатата година. – Американците помогнаа најмногу и затоа Американците треба да заработат најмногу – рече Зеленски во петокот во интервју за Ројтерс. И покрај критиките од неговите европски сојузници, особено германскиот канцелар Олаф Шолц, Трамп продолжи да бара од Украина природни ресурси во замена за поддршка и изгледа уверен дека постигнал договор со властите во оваа земја.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата