Австралиската влада најави откуп на оружје по нападот на плажата Бонди

19.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралиската влада најави откуп на оружје по нападот на плажата Бонди

По тој масакр, австралиските власти воведоа најстроги мерки за контрола на оружјето, но по најновиот напад владата одлучи да воведе дополнителни мерки.

Во пукањето во неделата за време на прославата на еврејскиот празник Ханука, беа убиени 15 лица, а се верува дека двајцата напаѓачи биле инспирирани од идеологијата на Исламска држава.

Премиерот Ентони Албанезе денеска изјави за медиумите дека во Австралија има четири милиони парчиња огнено оружје, што е повеќе отколку во времето на нападот во Порт Артур.

„Знаеме дека еден од овие терористи имал дозвола за оружје и шест пушки, и покрај тоа што живеел во средината на предградијата на Сиднеј. Нема причина зошто на некој во таква ситуација би му требало толку многу оружје“, рече тој.

Федералната полициска комесарка, Криси Барет, изјави дека доколку бројот на оружје треба да се намали, мерките за постигнување на ова мора да вклучуваат нивно враќање.

Новите мерки би откупиле вишок забрането и нелегално оружје, а владата проценува дека стотици илјади парчиња огнено оружје би биле собрани и уништени на овој начин.

Владата, исто така, одлучи да го ограничи бројот на оружје што едно лице може да го поседува, како и да го ограничи издавањето лиценци и видовите оружје што може легално да се поседуваат.

Во исто време, австралиското државјанство би било услов за поседување оружје.

Полицијата на Нов Јужен Велс денеска соопшти дека ќе ослободи седум мажи кои се упатија кон плажата Бонди и беа уапсени вчера, осомничени за поврзаност со екстремистичка идеологија. Полицијата нагласи дека тие ќе продолжат да бидат следени бидејќи се сомнева дека се под влијание на идеите на Исламската држава.

Комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс, Мел Ланион, изјави дека нема потврдена врска помеѓу напаѓачите и групата, но дека имале намера да ја посетат плажата Бонди.

„Иако конкретната закана што ја претставуваа овие мажи не беше позната, можам да кажам дека потенцијалот за насилно злосторство беше таков што не бевме подготвени да го толерираме ризикот“, рече комесарот Ланион.

Властите соопштија дека нападот на плажата Бонди го извршиле татко и син, кои преживеале и се обвинети по 59 точки од обвинението, вклучувајќи 15 точки од обвинението за убиство. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата