Австралија ја прогласи Иранската револуционерна гарда за државен спонзор на тероризмот

27.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралија ја прогласи Иранската револуционерна гарда за државен спонзор на тероризмот

Австралија го прогласи Иранскиот исламски револуционерен гардиски корпус (ИРГК) за државен спонзор на тероризмот, соопшти министерката за надворешни работи, Пени Вонг, повикувајќи се на разузнавачките наоди кои укажуваат дека организацијата организирала напади врз австралиската еврејска заедница.

Владата во Канбера претходно во август го обвини Иран дека стои зад два антисемитски напади предизвикани со пожар во Сиднеј и Мелбурн.

Како дополнителна мерка, на амбасадорот на Иран му е наредено да ја напушти државата во рок од седум дена. Ова претставува прво протерување од таков вид на дипломатски претставник во Австралија од Втората светска војна. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата