Авион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетување

3.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Авион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетување

Ова доведе до затворање на аеродромот, соопштија аеродромските власти.

Авионот слетал во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави Адам Шабловски, портпарол на аеродромот „Варшава-Модлин“, пренесува „TVN24“.

Тој додаде дека во моментов се очекува пристигнување на екипи за деактивирање експлозивни направи.

Авионот првично требало да слета на аеродромот „Варшава-Шопен“, но бил пренасочен кон Модлин.

Според соопштението од аеродромот, тревога била прогласена во 9:54 часот, откако била пријавена закана за бомба на летот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ кон аеродромот „Варшава-Шопен“.

Во моментот на слетувањето, во авионот имало 3,7 тони гориво.

„По слетувањето, леталото беше упатено кон посебно одредена зона, каде што ќе остане до донесување на натамошни одлуки и добивање упатства од надлежните органи, вклучително и екипите за деактивирање експлозивни направи“, се наведува во соопштението.

Аеродромот „Варшава-Модлин“ останува затворен до понатамошно известување, додека властите ја истражуваат пријавената закана и преземаат мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот. „Безбедноста на патниците, екипажот и аеродромскиот персонал во моментов е приоритет“, се вели во соопштението, при што се додава дека информациите за евентуални промени во ситуацијата и за повторното воспоставување на воздушниот сообраќај ќе бидат објавени дополнително.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата