Таа и 42-годишниот бразилски пилот Карлос Костас Дијаз биле принудени да слетаат со Цесна 210 на полиња со пченка, откако наводно останале без гориво додека летале од Боливија до неодредена дестинација.
„Во раните утрински часови минатиот четврток наутро, полицијата на Ентре Риос беше известена за слетување на авион на поле во департманот Ислас дел Ибикуј. Во авионот имало двојка, која побегнала, но подоцна биле уапсени. Бразилец и жена од Боливија. Со оглед на овој настан, известена е федералната дежурна судијка д-р Аналија Рампони“, изјави Нестор Ронкала, министер за безбедност на провинцијата Ентре Риос, пренесува Метро.
„Во соработка со Националната жандармерија, полицијата на Ентре Риос го пребара авионот и пронашла 352 пакети кокаин со вкупна тежина од 359 килограми“, додаде тој, велејќи дека вредноста на пратката е „тешка“ 14 милиони евра.
„Сè покажува дека авионот полетал од Боливија и поминал околу 1.500 километри. Крајната дестинација не била Ентре Риос, бидејќи принудното слетување било поради недостиг на гориво“, објаснил тој.
Боливија е еден од најголемите производители на кока растенија - од која се добива кокаинот - заедно со Перу и Колумбија. Растенијата потоа обично се извезуваат во Колумбија, каде што се произведува приближно две третини од кокаинот во светот.
Џејд Кала (21) еднаш била крунисана за Мис ФекпоБорха 2019 година, во нејзиниот роден град Сан Борха, провинциски град со 22.000 жители. Таа имала неколку телевизиски настапи. Пред само 10 дена, таа го објави своето најново видео на TikTok, каде – како Џејд Чабела – споделува снимки од себе како танцува и се шминка со своите повеќе од 6.000 следбеници. Во една порака, очигледно упатена до нејзиниот поранешен, таа вели: „Најголема одмазда ќе ми биде да ме гледаш секој ден посреќна и поубава“.
@la.chabe.cb ♬ sonido original - ulisescabrera21