Аун: Одлучив да преговарам со Израел за да го спасам Либан

20.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аун: Одлучив да преговарам со Израел за да го спасам Либан

- Либан се соочува со два избора – продолжување на војната со сите хуманитарни, економски и политички последици или преговори кои ви довеле до завршување на судирот и воспоставување на стабилност. Избрав преговори и се надевам дека ќе успееме да го спасиме Либан - посочи Аун.

Тој посочи дека целта на разговорите со Либан е завршување на непријателствата, повлекување на израелските сили и распоредување на либанската армија долж меѓународно признаената граница помеѓу двете држави.

Аун потенцираше дека разговорите помеѓу Либан и Израел се одвоени од другите дипломатски процеси, вклучително и преговорите помеѓу САД и Иран.

На 17 април постигнат е договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах. Но, израелската армија денеска повторно издаде предупредување до Либанците да не се враќаат во десетици села во јужниот дел на земјата бидејќи Хезболах продолжува да го крши договорот за прекин на огнот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата