Арагчи: Втората рунда разговори со САД имаше поконструктивен тон

17.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арагчи: Втората рунда разговори со САД имаше поконструктивен тон

Тој нагласи дека за време на разговорите биле дискутирани посериозни теми и дека биле постигнати конкретни договори за клучните прашања.

„Нашите очекувања се дека разговорите ќе се движат кон конкретни решенија, иако сè уште не сме постигнале конечен договор“, изјави Арагчи за новинарите во Женева.

Тој оцени дека ова е важен чекор кон постигнување опипливи резултати, но, како што изјави, „преговарачките тимови треба да продолжат да работат на клучните прашања и да разјаснат уште некои детали“.

Тој изјави дека разговорите ќе продолжат, без да прецизира точен датум.

„Не е одредено конкретно време за следната рунда, а беше договорено двете страни да работат на текстовите, а потоа ќе се дефинира датумот на третата рунда преговори“.

Како што изјави тој, потребно е време „двете страни да ги приближат своите ставови“.

Иранската телевизија „Прес ТВ“ претходно изјави дека преговорите се фокусирале на нуклеарното прашање и укинувањето на американските санкции, додека форматот на разговорите го следел претходниот круг, одржан на 6 февруари во Мускат.

Иранската делегација ја предводеше Арагчи, заедно со заменици за политички, правни и економски прашања, како и технички и правни експерти. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата