Англичанец со самострел убил жена и нејзините две ќерки- ги погодил во гради

22.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Англичанец со самострел убил жена и нејзините две ќерки- ги погодил во гради

26-годишникот е обвинет дека минатата година во нивната семејна куќа во Буши ја избодела до смрт Керол Хант (61) и фатално ги ранил нејзините ќерки Луиз (25) и Хана Хант (28) со самострел, објави Скај Њуз.

Тој се изјаснил за виновен за поседување опасно оружје и обвинение за убиство. Го негирал обвинението за силување.

Клифорд им ги врзал рацете и глуждовите на својата поранешна партнерка Луиз со селотејп трака пред да ја застрела во градите со самострел.

Нејзината сестра Хана била пронајдена на главниот влез од куќата со рана од самострел на градниот кош. Сè уште била жива кога полицијата пристигнала на местото на настанот, а успеала да се јави на 911. Таа им кажа на полицајците дека се плаши дека ќе умре.

Нивната мајка Керол се здобила со тешки убодни рани на коленото, рацете, грбот и торзото откако Клифорд ја нападнал со кујнски нож.

Клифорд, поранешен војник, по нападот е пронајден повреден на гробиштата во Енфилд. Се застрелал со самострел во градите.

По смртта на семејството, коментаторот на Sky Sports и BBC, Џон Хант изјави дека она што тој и неговата ќерка Ејми го чувствуваат „не може да се опише со зборови“.

Во моментов, во Англија не постои систем за регистрација за сопственост на самострел, но е забрането купување и поседување од страна на лица помлади од 18 години, а носењето на јавно место без валидна причина може да се казни со затвор до четири години.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата