Американски војници упаднаа на танкер што превезувал нафта од Венецуела (ВИДЕО)

15.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американски војници упаднаа на танкер што превезувал нафта од Венецуела (ВИДЕО)

„Бродот се обиде да го прекрши карантинот на претседателот (Доналд) Трамп со надеж дека ќе избега. Го следевме од Карипско Море до Индиски Океан, го намаливме растојанието и го запревме“, се наведува во соопштението на Пентагон.

Танкерот „Вероника III“ е под американски санкции, а пловел под панамско знаме. Бродот од 2023 година е поврзан со руска, иранска и венецуелска нафта, објави Гардијан.

Бродот испловил од Венецуела на 3 јануари, истиот ден кога беше заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро, со речиси два милиона барели сурова нафта и гориво.

Не е познато дали танкерот е формално запленет и ставен под контрола на САД. Администрацијата на Трамп заплени повеќе танкери како дел од поширокиот напор за преземање на контролата врз венецуелската нафта.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата