Американец е првиот човек кој почина од птичји грип

22.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американец е првиот човек кој почина од птичји грип

Ова е прв потврден случај на човек заразен од овој сој на птичји грип во светот, објави ABC News.

Жртвата бил постара личност со здравствени проблеми и бил хоспитализиран во округот Кинг од почетокот на ноември, соопшти одделот. Исто така, забележано е дека лицето „имало јато разни домашни птици во својот двор“.

Потврдена е првата човечка инфекција со вирусот H5N5

„Тестирањето во Клиничката вирусолошка лабораторија на Универзитетот во Вашингтон го идентификуваше вирусот како H5N5, што е првата регистрирана човечка инфекција со овој сој во светот. Резултатите беа потврдени од Центрите за контрола и превенција на болести (CDC)“, се вели во соопштението.

Здравствените власти соопштија дека вкупниот ризик останува низок и дека нема други лица поврзани со овој случај кои се позитивни на птичји грип. Службениците продолжуваат да ги следат сите што имале близок контакт со пациентот за да се исклучи можното ширење на вирусот од човек на човек.

„Нема докази за пренесување на овој вирус од човек на човек“, додаде министерството.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата