Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Активисти го вандализираа официјалниот портрет на британскиот крал Чарлс III (ВИДЕО)

11 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тие денеска околу 12 часот по локално време, како што пренесува Dailymail, упаднале во галеријата и го „разубавиле“ портретот на кралот, кој инаку предизвика бројни контроверзии кога беше откриен бидејќи според многумина, црвената боја премногу доминира.

Портретот на кралот беше „разубавен“ со постер и порака од популарната анимирана серија Валас и Громит.

„Кралот Чарлс е огромен обожавател на оваа серија и не можевме да замислиме подобар начин да го привлечеме вниманието на катастрофалната состојба на фармите за животни. Кралот рече дека е загрижен за животните кои страдаат и сега е совршено време тој да ја каже вистината за фармите за животни“, рече еден од вандалите.

Според резултатите од истражувањето, на 45 фарми за животни низ Велика Британија биле забележани прекршувања на повеќе од 300 различни прописи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ