И дефинитивно Астон Вила не се шегува. Во текот на овој зимски преоден рок тимот на Унаи Емери досега се засили со Донел Мален од Дортмунд и Андрес Гарсија од Леванте.
Но според последните информации од Островот, тимот од Бирмингем и дефинитивно тргнува по тандемот од Челзи, Жоао Феликс и Аксел Дисаси.
Вториот веќе дал согласност, личните услови се договорени, останува само да се види колку Астон Вила ќе треба да плати за позајмицата и тоа без право на откуп.
Што се однесува до Португалецот се чини дека и кај Енцо Мареска не успеа да се наметне. За него се преговара дали и тој би заминал во „Вила Парк“ на позајмица или тоа ќе биде класичен трансфер.