Зеленортски острови имаат нов селектор

20.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленортски острови имаат нов селектор

И тоа човек кој што беше дел од најголемиот успех на оваа селекција во историјата, а тоа е секако елиминационата фаза од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада.

Умберто Бетенкор, кој што има пасош на Зеленортски острови, но и на Португалија беше помошник на досегашниот селектор Педро Леитао Брито попознат како Бубиста. Тој пак по историскиот успех замина да биде тренер во Мароко во тимот на Беркане.

Прва задача на новиот селектор секако ќе бидат септемвриските квалификации за сланиот Куп на Африкански нации.

 

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата