Зарем е можно: Легендарниот Камерунец се враќа во Баерн Минхен?!

25.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зарем е можно: Легендарниот Камерунец се враќа во Баерн Минхен?!
ФОТО:facebook.com/fcbayern.en/

Во Германија и тоа како одекна веста дека Баерн би можел да го врати Ерик Чупо-Мотинг во своите редови.
Легендарниот Камерунец моментално е член на Њујорк Ред Булс и ќе го напушти клубот на крајот од календарската година, тој е целосно слободен да избере нова средина и би можел да му помогне на Баерн со краткорочен договор.

Да се потсетиме дека Чупо-Мотинг играше за Баерн од 2020 до 2024 година. Од друга страна, повредите на Хари Кејн и Саибари се проблем за Баерн и тие мора да бараат играч за играње во нападот.
„Прво ќе видиме како ќе се опорават повредените играчи и како ќе изгледа нашиот тим во јануари. Факт е дека Хари (Кејн) и Иса (Исмаел Саибари) нема да бидат достапни. Ако даде Бог, сите други ќе се вратат, вклучувајќи ги Фонцио (Алфонс Дејвис) и Серж (Гнабри). Ако тоа се случи, ќе мора внимателно да размислиме дали да преземеме нешто.
Сепак, тоа не е баш тема во моментов. Во следните седум натпревари, играчите што ги имаме на располагање ќе ни помогнат и имаме целосна доверба во нив“
, рече Макс Еберл, официјален претставник на Баерн.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата