Вечерва Вашингтон е центарот на фудбалскиот свет. Веќе започна спектаклот во Вашингтон каде се одржува ждрепката за СП 2026 кое се одржува во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. Ова ќе биде првенство со најмногу учесници, ќе биде најгламурозно и најгледано во историјата.
Тука се, покрај сите оние мега – ѕвезди од шоу бизнисот, и Назарио да Лима Роналд, Доналд Трамп, Карло Анчелоти, Шекил О`Нил.
Самата церемонија ја отвори италијанскиот тенор Андреa Бочели со прекрасната арија “Nesun Dorma“.

