За 65 милиони евра: Ендрик во Ливерпул?!

19.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За 65 милиони евра: Ендрик во Ливерпул?!
ФОТО:Instagram screenshot

Гигантот од „Енфилд“ сака дополнително да го засили нападот пред почетокот на новата сезона и покрај речиси завршениот договор со Бредли Баркола од ПСЖ, „Црвените“ тргнуваат и по младата ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик.
Ливерпул ќе преземе конкретни чекори во наредните денови за да го доведе бразилскиот напаѓач. Понудата ќе изнесува 65 милиони евра и таа бројка би требало да биде доволна за „Кралевите“ да кажат „да“.
Ливерпул го гледа Ендрик како идеален избор за својот тим. Тој може да игра на повеќе позиции во нападот, има одличен квалитет и се убедени дека би можел да покаже многу на „Енфилд“. Засега, сепак, Бразилецот нема намера да го напушти Мадрид. Иако нема да биде меѓу главните играчи под водство на Жозе Мурињо, тој е подготвен да чека шанса и да се бори за минути.
Ливерпул, од друга страна, му нуди многу повеќе време за игра. Веројатно многу работи би се граделе околу него за во иднина, и останува да се види што ќе одлучи кога ќе ја слушне понудата на англискиот гигант. Ендрик ја помина последната сезона на позајмица во Лион поради ограниченото време за играње. Тој играше навистина добро и Реал реши да го врати. Сепак, дополнително засилениот напад на кралскиот клуб тешко дека ќе му даде премногу простор.
20-годишниот напаѓач пристигна во Реал во летото 2024 година. Палмеирас беше платен за речиси 50 милиони евра за неговите услуги.
Сепак, тој не играше со Карло Анчелоти, но ниту со Чаби Алонсо. Се појави во 40 натпревари и постигна седум гола.
Реал Мадрид се соочува со одлука која не се однесува само на можна компензација, туку и на долгорочен план со еден од најталентираните бразилски напаѓачи од неговата генерација.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата